Модуларната болница веќе примила 15 пациенти

Во модуларната болница до Клиниката за инфективни болести веќе се сместени 15 пациенти, Таму има вкупно 71 кревет. Ова денеска за медиумите го изјави Милена Стевановиќ – директорката на Инфективната клиника кој рече дека веќе се полнат и овие капацитети.

-Уште еднаш апелирам на почитување на мерките за заштита од корона вирусот. Апелирам и до сите оние кои се асиптоматски случаи да не доаѓаат на Инфективна, туку да се лекуваат согласно препораките на матичен лекар, потенцира таа.

Вчера министерот за здравство Венко Филипче изјави дека доколку овој и други резервни капацитети се пополнат тогаш надлежните здравствени власти ќе препорачат воведување на полициски час.

-Болничките капацитети забрзано се исполнуваат. Се исполнија некои инфективни одделенија во државата. Од денеска се сместени пациенти во модуларната болница кај Инфективната клиника. Болничките капацитети се еден од главните параметри. Ако ние оцениме дека овие капацитети кои се димензионирани да бидат резерва се исполнуваат тогаш дефинитивно ќе препорачаме целосна рестрикција во движењето, односно полициски час. Мерките за заштита од ковид-19 мора итно да се донесат. Апелирам до сите пратеници да покажат одговорност и да ги изгласаат промените во Законот за заштита на населението од заразни болести што поскоро, потенцира во објавата Филипче.

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ предлaга формирање на специјална комисија против Ковид-19, Филипче одбил
Следна вестВладата засега нема да испрати протесна нота до Бугарија поради Каракачанов, неговите изјави ги смета за недостојни и недолични