„Мој термин“ вечерва, утре и задутре во МНТ

Со почеток во 20 часот вечерва на малата сцена во Македонскиот народен театар ќе биде изведена современата комедија „Мој термин“. Но не само вечерва туку и во среда и четврток, во истиот термин.

Претставата е поставена по мотивите на филмското остварување „TOC TOC“ (Trastorno Obsesivo Compulsivo во превод од шпански јазик означува Опсесивно-компулсивно нарушување) на францускиот писател Лорен Бафи и шпанскиот режисер Виcенте Виљануева, а во режија на Синиша Евтимов. Улогите ги играат Јордан Симонов, Тања Кочовска, Оливер Митковски, Николина Кујача, Александар Микиќ, Сашка Димитровска и Александар Михајловски.

„Мој термин“ отвора повеќе прашања поврзани со опсесивно-компулсивните нарушувања, како хронични нарушувања карактеристични по обземачките несакани мисли (опсесии) и ритуализираните повторливи однесувања (компулсии), кои ви се чини дека сте принудени да ги направите.

Претходна вестМарин ветува сообраќајна сигнализација во Горно Лисиче; Жителите: Аеродромци повеќе знаат за Бајден отколку за Златко градоначалникот
Следна вестСончево со малку облаци и северен ветер