-Ние денес тука говориме за морална одговорност за најголемата трагедија која ја зацрни Македонија. Не знам дали им е јасно на колегите од ВМРО – ДПМНЕ но, морална одговорност е дури и кога немате лична вина да си поднесете оставка затоа што трагедијата се случила за време на вашиот мандат, па макар и да сте биле само еден месец на власт, истакна пратеничката Јована Мојсоска од Левица, во говорот по интерпелацијата на министерот Тошковски.
Во својот говор направи споредба со соседна Србија каде за слична трагедија цела влада се распушти, а „политичката одговорност, односно неодговорност“,како што рече кај нас е сведена на тоа дури ни актуелниот директор на Пазарниот инспекторат да не е разрешен. Притоа истакана дека дури и министерот Тошковски да е беспрекорен, тоа што една година неговите началници во Кочани дозволиле да работи „ова дувло на смртта,“ тоа што кадрите кои ги поставил не извршиле контрола цела година, е доволна причина за морална одговорност на министерот кој им ја дал довербата за овие кадри.
-За беспрекорноста на акцијата и скапиот пиар на власта е доволно јасно што актуелните функционери кои се осомничени единствено се гонети поради јавен притисок. Токму премиерот Мицкоски два дена после трагедијата самоуверено изјави дека градоначалникот Папазов иако немал одговорност, се повлекол од морални причини. Дури откако јавноста бурно реагираше Папазов беше приведен. Истиот случај е и со актуелните дуректори на Дирекцијата за заштита за спасување, кои дури еден месец после трагедијата беа приведени, откако во неколку наврати и Левица реагираше, истакна Мојсоска.
Се осврна и на директорот на Државниот пазарен инспекторат, Влатко Стојкоски, за кого исто така рече дека не смогнале храброст да го разрешат, а тој не се појави ниту еднаш на прес конференција да даде одговори за колапсот на системот со лиценците на дискотеките.
-Не требаше да се случи трагедија од невидени размери за да се изврши вонреден инспекциски надзор и да се констатира дека од 80 дискотеки само 20 имале лиценци. Затоа што покрај вондредниот, инспекторатот е должен да врши и редовен инспекциски надзор“, рече Мојсоска и додаде дека само во Скопје има 28 пазарни инспектори, а 13 дискотеки. Само две дискотеки имале лиценци. „По двајца инспектори да влегувале во овие дискотеки еднаш во месецот, немало да има ваков башибозук и беззакаоние. Што правел вашиот директор на Пазарен иснпекторат цели пет месеци, кој и ден денес е на функција и не се повлече барем од моралнаа одговорност, додаде Мојсоска.
Во излагањето посочи дека во изминатиов период доволно е кажано дека верижната реакција и каузалитетот на истрагата завшува кај МВР, односно под капата на министерот Тошковски се поставуваат правни преседани каде виновни се само оние од пред 12 години кои биле на функција, ама неговите соработници, кои во моментот на кривично правниот настан имале функција, поради партиската послушност се на слобода.
Мојсоска посочи дека ќе се задржи само на два моменти и тоа за самите случувања на кобната вечер и на сето она што следеше после трагедијата.
-Главната дилема за таа кобна вечер е зошто оперативната акција започнала во дискотеката на смртта дури во 2:30 часот по полноќ? Односно да разјаснам во детали. Таа вечер имало насока од Бирото за јавна безбедност низ повеќе дискотеки да се врши оперативна акција. Но во Кочани, наместо во еден часот да се пристигне во дискотеката Пулс, додека сменоводител е Драган Петрушев, иначе истакнат партиски активист на власта, полицијата оди прво да врши акција во друг кафич во Оризари?! Односно, наместо да се направи соодветна безбедносна проценка и акцијата да се одвива во дискотеката каде има над 500 млади од повеќе градови, одговорниот на смена одлучува прво да се оди во кафичот во Оризари, па во 1:30 часот да дојдат пред дискотеката Пулс. И пак полициските службеници не влегуваат веднаш туку кружат и вртат пред дискотеката Пулс уште еден час, затоа што најверојатно не смеело да биде попречено дилањето со наркотични средства. Ова не се мои тврдења, овие се тврдења на мајките кои ги закопаа своите деца, рече Мојсоска и додаде дека полицијата влегла непосредно пред пожарот, речиси во 2:30 часот, пред завршување на концертот и „очигледно кога веќе нелегалната роба кај газда Деко е дистрибуирана“. Одговорниот на смена Драган Петрушев не е еден од осомничените полициски службеници, а нема ниту еден осомничен полициски службеник кој вечерта одлучил дека оперативната акција во дискотеката Пулс треба да почне во 2:30 часот.
-Ќе ја цитирам една огорчена мајка: И врапчињата знаат дека тука во Кочани има огромен синџир на дрога и корупција! Каде е пресечен тој синџир кога во вашата истрага немате ниту еден актуелен началник? Како можевте експресно да најдете пораки во телефонот на претседателката на Антикорупциска со осомничени во истрага, претседателка која иначе вашата ВМРО – ДПМНЕ ја изгласа, но не најдовте со кого комуницирал газда Деко и кој наредувал таа кобна ноќ полицијата да не пристигне порано и да ја спроведе оперативната акција?!, го заврши Мојсоска цитатот.