Темен режим Режим на светлина

Молк во штабот на СДСМ, почнаа да се даваат и да се бараат оставки

СДСМ: Ако сѐ било законски, зошто Владата не ги објавува листите со патници од владиниот авион? СДСМ: Ако сѐ било законски, зошто Владата не ги објавува листите со патници од владиниот авион?

Само по еден час од затворањето на гласачките места, во седиштето на СДСМ настана скоро целосна тишина. Ја немаше вообичаената раздвиженост и џагор. Партијата на ниту едни избори досега немала полош резултат. Дури и пред 4 години, кога убедливо беа поразени од ВМРО-ДПМНЕ освоија повеќе општини од сега.

Сепак Венко Филипче не се чувствува одговорен за поразот и немало да поднесе оставка. Напротив, мисли дека овие резултати се поттик и дека е на прав пат да продолжи да ја зајакнува СДСМ. Тој дури најави и кадровски промени во партијата за оваа недела.

Инаку, веќе почнаа оставките во партијата. Веќе замина потпретседателката Ана Чупевска. Денес оставка даде и кандидатот за градоначалник на Ѓорче Петров и претседател на општинската организација Костадин Ацевски. Тој истовремено побара оставки и од лидерот на партијата и од целото раководство.

Следи интересен период во некогаш силниот СДСМ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Со 3,06 промили алкохол навредувал полиција во Велес

Загина велосипедист удрен од автомобил во центарот на Скопје

Следна објава

Скопје може да здивне – градоначалничкиот мандат на Арсовска завршува