Момче од Скопје криело дома два пиштола и 143 куршуми

Неовластено држање на оружје и муниција е причина заради кое Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против едно 23-годишно момче од Скопје. Тоа ќе одговара за кривичното дело неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи.

-Обвинетиот во својот дом на улица „Методија Андонов – Ченто“ во Скопје, неовластено држел оружје и муниција. Се работи за еден пиштол марка „ФЕГ“ со калибар 9 мм, со рамка со 13 куршуми од тој калибар, еден пиштол КЕЛ-ТЕЦ со рамка со 5 куршуми, 17 куршуми со калибар 7.5 мм, 3 куршуми со калибар 7,62 Х 25 мм, како и 105 куршуми со калибар 9 мм, се наведува во обвинението.

Оружјето и муницијата беа пронајдени и одземени при претрес на домот на осомничениот на 29 јули, а кој сега се наоѓа во притвор.

Претходна вестПак ли Универзална сала e оставена да чмае до некои нови ветувања?
Следна вестНовозаразени се 88 лица, починале 6 пациенти, а 113 оздравеле