МОН: Документите за студентска стипендија да се доставуваат од 1 до 30 октомври

Рокот за достава на документите за сите корисници на правото на студентска стипендија почнува на 1-ви и трае до 30-ти октомври оваа година, информира Министерство за образование. Правото гоимаат корисници на стипендии во некоја од изминатите академски години, кои ги исполнуваат договорните услови за продолжување на ова право.

-Корисникот на стипендија треба да достави потврда за запишан нареден семестар, односно година на студирање, уверение за положени испити со успех од претходните години, УППИ образец за предвидени и положени испити со успех од претходните години, како докази дека има положено 80 односно 90 проценти (зависно од типот на стипендија кој го користи) од предвидените испити, односно дека го одржал просечниот успех на студирањето, согласно договорот за стипендија, информираат од МОН.

Документите се доставуваат електронски со прикачување на соодветната документација на „http://e-uslugi.mon.gov.mk“.

Од МОН соопштија дека за каква било информација или прашање корисниците треба да се обратат на електронската пошта „[email protected]“.

Претходна вестВладата често гради патишта со соопштенија, а ретко со машини
Следна вестЕдинаесет возачи возеле пијани, деветмина поминалне на црвено светло…