Вкупно 3.500 стипендии од по 3.500 денари во траење од девет месеци во текот на учебната 2023/2024 година ќе додели Министерството за образование врз основа на конкурсот што е објавен денеска.
За талентирани ученици/чки од средното образование од областа на уметностите од јавните и приватните средни училишта, сто стипендии за талентирани ученици од средното образование (освен за талентирани ученици од средното образование од областа на уметностите) од јавните и приватните средни училишта ќе бидат доделени 50 стипендии. 150 стипендии се наменети за талентирани ученици/чки – спортисти/ки од јавните и приватните средни училишта во Македонија за учебната 2023/2024 година.
-Се доделуваат и 200 стипендии за ученици/чки од средно образование кои реализираат наставни програми од угостителство и туризам, шумарство и обработка на дрво, градежништво и геодезија, земјоделство-рибарство и ветеринарство, машинство и текстил, кожа и слични производи од јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија за учебната 2023/2024 година, се наведува во објавата.
Објавен е и конкурс за доделување 400 стипендии за ученици/чки кои реализираат наставни планови и програми за стручно оспособување и стручно образование од тригодишно траење во јавните и средните училишта, 1500 стипендии за ученици/чки кои се запишани во паралелки во стручно образование во кои ќе се реализира практично образование со зголемен број на часови согласно програмите за стручно образование, освен ученици/чките од здравствените струки од јавните средни училишта во Република Северна Македонија за учебната 2023/2024 година (Дуални паралелки).
Ќе се доделат и 900 стипендии за социјална поддршка на ученици/чки од јавните средни училишта во Република Северна Македонија за учебната 2023/2024 година, 150 стипендии за ученици/чки со посебни потреби од јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија за учебната 2023/2024 година и педесет стипендии за ученици/чки -деца без родители од јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија за учебната 2023/2024.
Сите конкурси се достапни на веб-страницата на Министерството за образование и наука.