МОН: Националната комисија за учебници со грешките го прифатила учебникот по Историја и општество за 5-то одделение

Авторите и рецензентите на учебникот по Историја и општество за 5-то одделение, вината за направените грешки во содржината, неосновано ја префрлаат на Министерството за образовабиеОН, соопшти вчера МОН.

Од Министерството наведуваат дека се должни да информираат дека биле испочитувани предидените процедури.

-По направените измени во учебникот кои им се сугерирани од страна на рецензентите, авторите до Националната комисија за учебници на ЦД го имаат доставено учебникот заедно со допис во кој е наведено дека се работи за финална верзија, а рецензентите пак, имаат потпишано изјава дека нивните забелешки се имплементирани во истата, стои во соопштението од Министерството за образование и наука.

Од МОН порачуваат дека сите предизвици кои им настанале при изработката на учебникот, авторите и рецензентите требало да ги надминат со Националната комисија за учебници која е надлежна за спроведување на процедурата за одобрување на учебници.

-Членовите на комисијата, всушност преку гласање одлучуваат за прифаќање, односно неприфаќање на одреден учебник. Во случајов, одлучиле учебникот со грешки да биде прифатен, се потенцира во соопштението.

Реакцијата на МОН дојде по изјавите на авторите и на рецензентите на учебникот дека немале можност да ја видат конечната верзија на учебникот пред неговото печатење.

Претходна вестЛавров: Анонимни претставници на Пентагон се закануваат со атентат на Путин
Следна вестВојдан Стојановски – најдобар македонски кошаркар за 2022 година