МОН тврди дека на првиот училишен час немало посериозни пречки при онлајн наставата

Од утрово нема посериозни пречки за одржување на онлајн наставата, соопштија денеска од Министерството за образование и наука кое e во постојана комуникација со тимот од ФИНКИ и Бирото за развој на образование којшто работи на платформата.

Од таму информираат дека за успешно одржување на онлајн настава најважен е делот од платформата којашто е базирана на Мајкрософт тимс.

-Последните тестови што се одвиваа во текот на вчерашниот ден, без проблеми се најавија и се приклучија на Мајкрософт тимс сите ученици коишто ги имаат добиено лозинките во текот на минатата недела. Исто така, во моментот ФИНКИ работи на оптимизација на останатиот дел од платформата, се наведува во соопштението.

Според сознанијата, за денеска е направен план со кој ученици од различни основни и средни училишта во различни временски термини ќе се вклучуваат на платформата.

-Ние се вклучивме во 7.30 часот. Класната раководителка ни прати линк за поврзување на Мајкрософт тимс и сите ученици се вклучивме. Одржавме час на класната заедница и класната ни објасни како во иднина ќе тече наставата, ни рече еден гимназиалец од скопската гиманзија „Раде Јовчевски – Корчагин“.

Во останати училишта учениците ќе се вклучуваат во други термини – 10, 10,30, 122 часот…  

Претходна вестСо изложба на фотографии на Милчо Манчевски, вечерва почнува BOOKSTAR-20 vs. COVID-19
Следна вестСончево со мала облачност