„Море од жито“ вечерва во Сули ан

Италијанската семејна драма „Море од жито“ со Орнела Мути во главната улога, а во режија на Фабрицио Гвардучи, ќе биде прикажана на Факултет за ликовни уметности – Сули ан, вечерва во Сули-ан, со почеток во 21 часот.
Содржината на филмот се однесува на осумгодишниот Адам, кој се качува по брда и се спушта по долини во околината на Тоскана, додека не стигне до едно мало гратче во близина на Сиена. Таму ги запознава Аријана и Мартино, кои ќе го придружуваат во неговата авантура и заедно ќе отпатуваат до морето, местото каде што Адам се надева дека ќе ги најде своите родители.
Трите деца, заедно со патката Пина, неразделното милениче на Мартино, ќе ги одведат гледачите на едно авантуристичко патување полно со емоции, во кое протагонистите ги преживуваат народните приказни од нивното детство…