Мотоциклист од Македонија загина на патот меѓу Подгорица и Цетиње

Тешка сообраќајна несреќа се случила вчера околу 15 часот на магистралниот пат Подгорица – Цетиње, во местото Каменица кај Подгорица, во која загина мотоциклист, државјанин на Македонија, пишува „Вијести“.

Во несреќата учествувале два автомобила и 54-годишниот мотоциклист со иницијали З.П., кој починал на самото место.

Според Полициската управа, починатиот, кој живеел во Цетиње, се движел кон Подгорица и не носел заштитна кацига.

Поради несреќата, сообраќајот на магистралниот пат бил во прекин нешто повеќе од два и пол часа, поради што се создале колони на возила од Подгорица до Цетиње во двата правца.

Претходна вестСДСМ: Мицкоски и Апасиев станаа едно, здружени против ЕУ
Следна вест171 санкционирани возачи во Скопје, 42 за брзо возење