Моторџија удрил и повредил пешак, па побегнал

Повреден пешак од страна на моторџија. Вчера во СВР Скопје, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со повреди од сообраќајна незгода бил донесен осумдесетидвегодишниот Ј.М. од Скопје.
Повредениот изјавил дека истиот ден околу 18 часот на улица „Маџари“ бил удрен од мотоцикл со непознати регистарски таблици, кој потоа наместо да му укаже помош го напуштил местото на настанот.
Полицијата работи на расчистување на случајот.