Моторџија тешко повреден по сударот во Чаир

Две лица се повредени во сообраќајка во Чаир откако се судрија автомобил и мотор, соопшти полицијата.

МВР информира дека вчера пред маркет на улицата Џон Кенеди се случила сообраќајна несреќа помеѓу автомобил „опел корса“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Џ.А.(33) од Скопје, и моторцикл „крос“, управуван од Б.А.(22) од Скопје.

-По несреќата Б.А. е пренесен во комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде од лекар му биле констатирани тешки телесни повреди, а на малолетен сопатник од Скопје во патничкото моторно возило „опел корса“ во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ од лекар му биле констатирани телесни повреди, соопшти МВР.

Претходна вестОпштина Аеродром ќе доделува финансиска помош на социјално загрозените лица
Следна вестНа Осоговските планини запленети над 200 метри кубни бесправно исечени дрва