Моторциклист загина по судар со скопско „Aуди“, возачот е уапсен

Моторциклист загинал во сообраќајна несреќа која што се случила синоќа во тетовско откако се судрил со возило со скопски регистарски таблички. Полицијата соопшти дека несреќата се случила на локалниот пат с.Палатица-с. Желино, при судир помеѓу патничко возило „Aуди” со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.И.(23) од Желино, тетовско и мотоцикл „Jамаха” без регистарски ознаки, управуван од А.Ј.(33) од с. Палатица.

-По незгодата мотоциклистот бил пренесен во Клиничката болница Тетово, каде што починал. Извршен бил увид на местото на несреќата од Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово, додека по наредба на обвинителот Г.И. e лишен од слобода и задржан за целосно расчистување на случајот, соопшти СВР Тетово.

Претходна вестЗагрижувачко: 132 лица лани го загубиле животот во сообраќајки, а 5164 биле повредени
Следна вестСкопјанецот осомничен дека ја убил невенчаната сопруга, а телото го фрлил покрај пат