Мотоциклист тешко, а седум други лица полесно повредени во 15 сообраќајки  

Возач на мотоцикл  бил тешко повреден, а седум лица полесно повредени во вкупно 15 сообраќајни незгоди случени во текот на вчерашниот ден. Во полицискиот извештај не се наведени деталите за тоа под кои околности се случило потешкото повредување на возачот на моторот.

Освен ова, вчера сообраќајната полиција санкционирала осум возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, а од сообраќај исклучила шест возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол, 20 возачи пред да се стекнат со право на управување моторно возило и четворица почетници, како и 24 нерегистрирани возила.

Казнети биле и четворица возачи кои поминале на крстосница на црвено светло, тројца возачи не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, еден возач за не носење сигурносен појас, како и 28 возачи кои користеле мобилен телефон за време на управување на моторно возило