Можно е обновување на спомен собата на АСНОМ во манастирот „Св. Прохор Пчински“

Во иднина е можно да се обнови и спомен-собата на Првото заседание на АСНОМ во манастирот „Свети Прохор Пчински“ каде што порано постоела. Ова денеска го најави македонскиот претседател Стево Пендаровски по чествувањето на Илинден во манастирот во којшто е одржано историското заседание на коешто се удрени темелите на македонската држава. Спомен-собата и плочите постоеа во кругот на манастирот кој е на територија на Србија, но беа тргнати пред 18 години по насилството на радикално-националистички структури во тогашна Србија.

Пендаровски рече дека со министерот за надворешни работи на Србија, Никола Селаковиќ договориле да се формира работна група на ниво на МНР од двете страни која ќе треба да ги договори сите детали за идните прослави на Илинден и АСНОМ во овој манастир.

-Имаме еден стар договор мислам дека е од 2.000-та годин, околу одржувањето на културно споменични обележја во двете земји. Мислам дека тоа може да биде основа брзо да ја направиме таа работна група за следниот па да ги имаме сите оние обележја во времето коешто ги имало оваа место кога е одржано Првото заседание на АСНОМ, рече шефот на државата. На прашањето дали е можно да се очекува и обновување на спомен-собата Пендаровски рече дека тое можно.

– Можно е, во таа насока е, добивме такви уверувања и од домаќинот на манастирот владиката Пахомие. Идјеата е не само да додјеме ова година туку и во наредните години тука да славиме. Имаме нов контекст во политички односи, меѓу црквите проблемите се разрешени проблемите. Такво уверување добив од домаќините, дека ова не се случува само сега и дека е ова не е пи – ар настан. Ова треба да биде камен темелник на новите односи и во оваа смисла ако не ги почитуваме светите места, наши и нивни, од нашето минато нема никаква иднина во билатералните односи, рече Пендаровски.

Тој им одаде признание на српските домаќани кои што не можејќи да ја најдат оригинална плоча на АСНОМ направиле нова со оригиналниот текст.

Претходна вестКовачевски: Илинденците со оружје се бореле за ние денес да можеме да водиме други поинакви битки
Следна вестМашки труп во распаѓање пронајден кај Тиквешкото езеро