Можно ли е ситите луѓе да не знаат дека во Македонија има и гладни?

Во Македонија има многу луѓе кои немаат доволно храна. Во Македонија има и многу луѓе кои фрлаат храна. Е, зошто е така? Зошто оние што фрлаат храна не ја споделуваат со други, зошто не купуваат за себе поумерено, а да купат прехранбени продукти за некој гладен?

Пред кекој ден Извештајот за индексот на фрлена храна на ОН покажа дека Македонија е на осмо место во светот по количина фрлена храна според бројот на жители.

– Секој поединец во земјава во просек фрла околу 83 килограми храна годишно. Околу 30 отсто од храната произведена или увезена во Македонија никогаш не се консумира, се наведува во овој Извештај.

Податок кој треба да го вклучи алармот кај секого, особено кај оние кои расфрлаат храна. Процените се дека фрламе меѓу 10 и 12 илјади тони храна со кои може да се обезбедат по три оброка дневно за 26.000 граѓани.

Еве сега за празниците, сите ќе си посакуваме среќа, здравје, заедништво…,  а зарем не е среќа некој гладен да го направиш среќен? Да, државните институции пред се треба да се грижат за сите кои немаат доволно храна, но сите други не гледаме ли дека мора и самите да си помагаме?

Не треба многу да се направи, само вишокот на храна да се даде на неколкуте организации во кои има добри луѓе што споделуваат на сиромашните. Некогаш, треба и да се купи и однесе брашно, зејтин, овошје… во добротворните организации или пак директно на оној што му треба храна. Тоа треба да го прават и фирми.

Можно ли е мноштвото од ситите да не знаат дека во Македонија има и гладни лица?

Претходна вестМожно ли е ситите луѓе да не знаат дека во Македонија има и гладни?
Следна вестОсум млади скопјани славеле во Маврово, ама и се тепале…