Можно труење на студентите во Пелагонија, АХВ ја затвори кујната

Затворена е кујната во студентскиот дом Пелагонија. Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство, во соработка со Центарот за јавно здравје и претставници од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, утрово, по добиено известување за можно труење со храна во студентскиот дом Пелагонија, извршија вонредна инспекциска контрола во кујната, информираат од Агенцијата за храна и ветеринарство.

– Од страна на инспекторите за храна, кујната е времено затворена. Наредени се мерки за генерално чистење и дезинфекција на објектот. За лабораториско испитување, земени се 6 мостри од храната која се послужувала и 8 брисеви од работните површини и опремата, се вели во соопштението.

Кујната, како што информираат, ќе биде повторно пуштена во употреба по добивање на лабораториските наоди со кои ќе се потврди безбедноста и по контролата која ќе направат инспекторите со која ќе се потврди дека се преземени сите наложени мерки за отстранување на констатираните недоследности.

– Шест студенти сместени во домот „Пелагонија“ се затруле со храна и завршиле на Инфективна клиника каде што им била дадена медицинска помош, соопштија денеска од Студентски отпор.

Организацијата „Студентски отпор“ обзнани дека имало случаи на труење со храна во студентскиот дом Пелагонија во Скопје.

Денес до нас пристигна информација за труење од храна во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје. Навистина сме згрозени од фактот што во моментот многу студенти се жалат и се завршени на инфективните клиники, Прашуваме јавно, велат оттаму, ваков ли студентски стандард и студентски оброци ветуваа луѓето од власта или студентите кои ги гледаат само како пропаганден материјал за користење, како што беше фамозниот „ручек со студентите“ на премиерот?, истакнаа од студентски отпор.

Претходна вестКомисија за 10 дена ќе решела што ќе се прави со учебникот полн со грешки
Следна вестЗапленети околу 6.200 парчиња пиротехнички средства во Скопје