Му извршиле претрес на „Партизанска“ и му нашле марихуана

Приведен скопјанец кај кого е пронајдена марихуана. Имено, вчера во 23.25 часот полициски службеници од СВР Скопје, на бул.„Партизански одреди“ го лишиле од слобода лицето П.И.(22) од Скопје поради тоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана.

Од полицијата најавуваат дека по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Овој случај е еден од низата кои се десија поседниве денови во главниот град на Македонија.