Муареми: Ако има сознанија за сторен криминал од моја страна Русковска нека поднесе обвинение

Ја повикувам Вилма Русковска, доколку располага со сознанија и информации за сторен криминал од моја страна – истите да ги докаже и на јавноста да и пласира обвинителен акт против мене, соопшти Арафат Муареми, директор на Управата за финансиска полиција. Муареми реагира на синоќешното обраќање на Русковска до странски амбасадори со кое ги повика да ја заштитат од притисоците на директорот на Финансиската полиција Муареми.

-Таа треба да пласита обвинителен акт против мене а не празни и неосновани сознанија и информации дискредитирајќи ја во целост функцијата која ја извршува. Негонење на криминал поради притисоци претставува кривично дело, обвинителке. А вашата чест и углед е беспредметно да ги коментирам. Се придружувам и јас кон вашиот повик до амбасадите и сите страни на кои се повикувате за „помош“. Нека го потврдат и тие она што Јавниот обвинител на РСМ го утврди со надзорот над вашето незаконско работење и неетичко постапување. Одговорност за вашето самоволие мора да има нашиша Муареми.

Тој потсети дека улогата на еден јавен обвинител најмалку од сѐ е да изјавува дека ќе сподели сознанија и информациии со јавноста за таа да суди кој е криминалец.

-Обвинителката Русковска, како намерно да заборава дека криминалот се докажува во рамки на институциите, а граѓаните се тие кои им укажуваат доверба врз основа на нивната работа. Обвинителке, ако се земат последните анкети во предвид, довербата на јавноста и не ви е многу наклонета, ѝ одговори на Русковска директорот на Финансиската полиција Арафат Муареми.

 

Претходна вестДржавен завод за ревизија: Изградбата на инфраструктурни проекти поскапела 40 милиони евра поради “дополнителни и непредвидени работи“
Следна вестЈа снимила камерата: Приведена жена по опожарувањето на возило во Делчево