Муареми се повлече од функцијата

Арафат Муареми, директорот на Управата за финансиска полиција се повлече од функцијата. Ова уследи по одлуката на јавниот обвинител на Македонија Љубомир Јовески да поведе постапки за утврдување дисциплинска одговорност за сите три јавни обвинителки и да ја суспендира Вилма Русковска од функцијата основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поради незаконитото постапување и злоупотребата на службената положба и овластување.

-Ваквата одлука ја носам со цел во јавноста да не постои ни најмал сомнеж во интегритетот, непристрасноста и независноста на постапката која што и понатаму останува да се води во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, се вели во соопштението до медиумите од Управата за финансиска полиција.

Од Управата, исто така нагласуваат дека денешната одлука на јавниот обвинител дава јасна порака дека законите мора сите да ги почитуваат и оти злоупотребите на функциите за лични цели се недозволиви.

 

 

Претходна вестКако да заштедиме струја? После предупредувањата, Владата предложи мерки
Следна вестИскорнати дрвја, паднати бандери, оштетени кровови од куќи и поплавени домови во невремето во Неготино