Муцунски во посета на Франција

67

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утре ќе оствари работна посета на Париз.

Посетата ќе започне со средба со неговиот домаќин, министерот за Европа и надворешни работи на Француската Република, Жан-Ноел Баро, по што ќе следи работна средба со Бенџамин Хадад, министер делегиран за Европа.

Во рамки на посетата, министерот Муцунски ќе оствари и средба со Бертран Бишвалтер, советник за континентална Европа и Турција на претседателот на Француската Република, Емануел Макрон.

Во фокусот на разговорите ќе бидат натамошното унапредување на билатералните односи, реафирмирањето на француската поддршка за евроинтегративниот процес на нашата земја, како и размена на мислења за актуелни регионални, европски и глобални прашања.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестДСЗИ побарa вонреден инспекциски надзор во врска со смртта на тригодишното детенце од Кавадарци
Следна вестОJO постапува во врска со деловодна книга со архивски броеви за легализација на објекти во Општина Чаир