Разрешен е реис ул улема и претседател на Ријасетот на Исламската верска заедница Сулејма Реџепи. Одлуката ја донело мнозинството муфтии во Ријасетот. Ова денеска го соопшти гостиварскиот муфтија Шаќир Фетаху по вонредната седница.
-Мнозинството на Ријасетот на ИВЗ одржана на 27 мај годинава со почеток во 10 часот ние долупотпишаните врз основа на член 36 и 58 од Уставот на ИВЗ, кои го сочинуваат двотретинско мнозинство во Ријасетот едногласно донесовме одлука за разрешување на Сулејман Реџепи од позиција реси ул улема и претседател на Ријасетот на ИВЗ, соопшти Фетафу.
Тој не соопшти кои се конкретни причини за разрешувањето на реисот. Се претпоставува дека поводот е неодамнешната одлука на Реџепи да стапи во брак со 50 години помлада жена, што предизвика негативни реакции во јавноста.
До изборот на новиот поглавар Фетаху ќе ја извршува функцијата на претседателот на Риајсетот.
Зад одлуката се потпишани повеќемина муфтии и координатори на муфтиствата: Гостивар, Тетово, Куманово, Струга, Кичево, Охрид, Битола, Дебар… како и на хуманитарната организација Ел Хилал, а кои до сега беа силни подржувачи на реисот.