Мурал во центарот на Скопје ќе ги потсетува родителите за важноста на вакцинацијата на децата

Оваа недела беше насликан и мурал во центарот на Скопје со потсетување до родителите и стрателите на децата за важноста на вакцинацијата и за зголемување на нејзиниот опфат. УНИЦЕФ и Министерството за здравство подготвија комуникациски материјали кои беа дистрибуирани на локации кои родителите често ги посетуваат, како и во градинките, вакциналните пунктови и породилиштата.

Муралот, посочуваат од УНИЦЕФ, симболично ја осликува потребата на родителите и старателите да направат сѐ за да ги заштитат децата.

– Државните институции ги презентираа најновите податоци за опфатот со редовни вакцини за деца во април годинава, предупредувајќи дека опфатот е низок на државно ниво, особено за вакцината против мали сипаници, рубеола и заушки (МРП). Иако стапките на вакцинирани деца во 2021 (за прва доза МРП 70,4 проценти, а за втора доза 80,4 отсто) се зголемени во споредба со стапките во 2020 (за прва доза МРП 63 посто, а за втора доза 68,5 отсто), овој опфат е далеку од потребниот процент од 95 посто вакцинирани деца за постигнување колективен имунитет и заштита во заедницата, наведуваат од УНИЦЕФ.

Претходна вестСиндикатот на Клинички центар:  Неоправдано е непродолжувањето на договорите на здравствени работници кои наполниле 64 години
Следна вестПриведен крадец во Скопје, фатен при обид за тешка кражба