Муртезани: Еден од трите топ приоритети на Владата е борбата против корупцијата

6

Еден од трите топ приоритети на Владата е борбата против корупцијата, при што големо е значењето на владеењето на правото и борбата против корупцијата во рамки на процесот на нашето пристапување во Европската Унија, изјави денеска министерот за европски прашања, Орхан Муртезани на заедничката прес-конференција во Скопје со австриската сојузна министерка за Европа, интеграција и семејство, Клаудија Плаколм и словенечката државна секретарка во Министерството за надворешни и европски прашања, Нева Грашич.

Муртезани одговарајќи на новинарско прашање за тоа како гледа на борбата против коруцијата и реформите на правосудството, во контекст дека судовите не спроведуваат одлука за австриска фирма, која има пресуда од арбитражен суд, истакна дека не постои друг пат за спроедување на реформите освен европскиот, но напомена дека во моментот нема информации за конкретниот случај.

Министерот на прес-конферернцијата истакна дека секогаш е вистинско задоволство кога во Скопје доаѓаат наши пријатели од Австрија и од Словенија, земји со кои нѐ поврзуваат искрени пријателства, долгорочни партнерства и длабока европска блискост.

– Во тој контекст, би сакал, пред сè, да упатам искрена благодарност до Австрија и Словенија за помошта што ни ја пружија во гаснењето на пожарите изминативе лета. Поддршката од австриските пожарникарски тимови и донацијата на специјализирани противпожарни возила од Покраината Тирол е вистинско пријателство на дело. Исто така, длабоко сме благодарни за брзата и ефикасна реакција на словенечките служби и тимови кои помогнаа при справувањето со огнените стихии, покажувајќи вистинска европска солидарност и човечка блискост во моменти кога најмногу беше потребно. Ја користам оваа прилика, преку вашето присуство, госпоѓо Плаколм и госпоѓо Грашич, да изразам длабока благодарност и до словенечкиот и до австрискио народ за искрената солидарност и човечката блискост што ги покажаа во тие критични моменти. Таа подготвеност да се помогне без двоумење ја надминува рамката на институционална соработка – тоа е израз на вистинско заедништво и доверба меѓу нашите земји – рече Муртезани.

Тој истакна дека на средбата со Плаколм и Грашич разговарале за зајакнувањето на соработката во европските интеграции и институционалното поврзување, економската соработка, енергетската транзиција и развојот на одржливи политики во полза на граѓаните.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестМНР потврди: Од Кочани е Македонецот кој бил пронајден мртов во Љубљана
Следна вестПриватните автобуси се исклучија од сообраќај