Мутациите на Омикрон ќе го зголемуваат бројот на случаите на Ковид-19, подготвени ли сме за тоа?

Очекувања дека во наредниот период ќе има зголемување на бројот на заболените од Ковид – 19, искажуваат медицинските експерти. Доктор Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија и професор на Медицинскиот факултет на својот профил на социјална мрежа Фејсбук објави дека растот на новоинфоцираните ќе се случува во наредниве недели.

-Бројките во дневната статистика за ковид-19 ќе почнат рапидно да растат во следните недели како резултат на доаѓањето на Омикрон-БА 4 и 5 и тоа е лошата вест. Добрата вест е што болниците, сепак, ќе ни останат полупразни“, напиша Беќаровски, кој е и член на Комисијата за заштита од заразни заболувања.

И микробилогот Никола Пановски во изминатиов период изјавуваше деја варијантите кои се појавуваат на омикрин се со поблаги симптоми.

-Варијантите кои се појавуваат на омикрин се со поблаги симптоми. Населението и со вакцините и со прележување стекна имунитет. На есен и да има нов бран нема да има 50 туку 200 случаи и тие ќе бидат полесни, кажа тој.

Министерството за здравство вчера информираше за 168 случаи на ковид-19 од 1.101 тест и 90 оздравени пациенти. Завчера бројот на новозаболени беше 180 а на 23 јуни – 93, додека во тридневниот период од 17 до 19 јуни имало само 81 нов случај на Ковид – 19.

Очигледно, не очекува зголемување на бројот на заразените а со тоа и појава на потешки случаеви на кои ќе им биде потребно и болничко лекување. Се подготвуваат ли здравствените власти за тоа?

Претходна вестТурција нема да го блокира приемот на Финска и Шведска во НАТО
Следна вестРеконструирана пешачката патека на улицата „Љубљанска“ во Карпош