Музеј на Град Скопје 70 години нем сведок на историјата

Седумдесет години од своето постоење годинава одбележува Музејот на Град Скопје. Формиран е во 1949 година со одлука на Градскиот совет,еговото место е во зградата на старата железничка станица. Покрај изложби, перформанси и концерти, тој беше и се уште е сцена на која посетителите може да видат значаен дел и збирки од: културното, археолошкото и етнолошкото богатства на Македонија.
По повод овој значаен јубилеј, од вчера, оваа институција гостува во Музејот на Нови Сад, на Петроварадинската тврдина, со изложбата „Скопската тврдина – симбол на градот“ .
Ќе бидат презентирани 110 предмети што ги отсликуваат различните аспекти од животот на Скопското Кале во средновековниот и османлискиот период, со акцент на керамичкиот материјал. Изложените предмети го покажуваат богатиот културен живот на Скопското Кале, но и влијанијата од развиените средновековни културни центри.