МВР: 15-годишник ги испраќал дојавите за бомби во Кавадарци од својот компјутер

Поднесена е кривична пријава против 15-годишник од Кавадарци, за сторено кривично дело „Тероризам“, предвидено и казниво по член 394-б став 2 од Кривичен законик, соопшти денеска МВР.

Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал основано се сомнева дека овој малолетник испраќал дојави за поставени бомби во повеќе училишта во Кавадарсци во декември годинава.

– Малолетникот на 04.12.2022 година, од неговиот персонален компјутер на интернет апликација преку хакирана електронска адреса, на службените електронски адреси на три основни и три средни училишта, сите на територија на општина Кавадарци, испратил заканувачка порака за поставена бомба во објектот. Исто така, на 12.12.2022 година, од истиот персонален компјутер на службената електронска адреса на основно училиште во Кавадарци, испратил заканувачка порака со слична содржина како претходната, се наведува во информацијата.

Од страна Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам – Единица за откривање и демонтирање на експлозивни средства и направи, извршена е антитерористичка проверка на сите училишта кои што ја добиле пораката, при што не се пронајдени експлозивни направи.

Со цел обезбедување на докази, врз основа на издадена Наредба од Судија на претходна постапка при Основен кривичен суд Скопје, на 12.12.2022 година е извршен претрес на дом и други простории каде што живее лицето, при што одземени се еден компјутер и мобилен телефон, кои ги користел кривично пријавениот.

-Истиот ден, врз основа на судска Наредба, од страна на Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика извршен е преглед на електронските уреди кои ги користел малолетникот, при што се пронајдени докази за испратените пораки со заканувачка содржина, се наведува во информацијата.

Претходна вестПоведена дисциплинска постапка против Вилма Русковска
Следна вестУмира Мртвото Море