МВР: Дојави за подметнати бомби во 7 скопски училишта, во тек се антитерористички проверки

Во вкупно седум скопски училишта утринава биле добиени дојави за подметнати бомби. МВР информира дека тие се добиена околу 9.30 часот по електронска пошта на училиштата.

-Денеска во СВР Скопје околу 9.30 часот е пријавено дека на електронска адреса  на седум училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР.

„Скопско ехо“ веќе објави дека една од првите дојави стасала во скопската гиманзија „Раде Јовчевски – Корчагин“. Таму веднаш започнала евакуацијата на учениците и на наставниот персонал а наскоро полициските екипи ќе ја почнат задолжителна претрага.

По паузата од неколку дена ова е нова дојава за подметнати експлозивни направи. Искуствата од последните дојави покажуваат дека тие стасуваат по електронска пошта во повеќе скопски средни училишта.

Последните дојави биле примени на 11 ноември во 4 скопски училишта. Проверките покажале дека се лажни. Претходно, дојавите биле добиена на 9 ноември.

Првите дојави за подметнати бомби по скопските средни училишта биле добиени по електронска пошта на 26 октомври. По ова, дојавите стасувале и на  27 и 28 октомври, на 2 и 4 ноември при што, во просек, ги добивале од четири до осум училишта. Според првичните сознанија од истрагата дојавите биле испраќани по електронска пошта од Швајцарија, Австрија и американската држава Калифорнија.

Претходна вестНова дојава за подметната бомба во училиште, се евакуира гимназијата „Корчагин“
Следна вестИтен состанок на НАТО за падот и експлозијата на ракета во Полска