Темно Режим Светло Режим

МВР го уапси лицето кое нападна фудбалер на Брегалница

По вчерашниот инцидент од полувремето на натпреварот од Втората лига во македонското фудбалско првенство меѓу екипите на Шкендија Арачиново и Брегалница, денеска од МВР информираат дека редарот кој со клоци го нападна фудбалерот на Брегалница е приведен и против него ќе биде покрената соодветна постапка.

„На 21.11.2025 во 13:50 часот на стадион „Фортуна“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го приведоа Ш.А.(36) од с.Арачиново, скопско, затоа што за време на фудбалски натпревар помеѓу екипите на ФК „Шкендија 77“ и ФК „Брегалница“ физички нападнал играч на ФК „Брегалница“. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок“, информираат од МВР.

Претходниот Пост
Во Драчево прегазено 4-годишно дете, итно префрлено во болница

Девојка тешко повредена во сообраќајка на патот Битола-Меџитлија

Следниот Пост

Костовски со порака до ДУИ: Неспособноста, жестокиот криминоген порив и шовинизмот, секогаш низ политичката историја се бранел со голи лаги