МВР има осомничен за убиството во Тетово, издадена е потерница

Постојат основи на сомневање за можниот сторител на вчерашното убиство во Тетово и по него е издадена потерница, соопшти денеска МВР.

Во соопштението се наведува дека од страна на инспектори извршени се службени разговори со лица – можни сведоци на настанот и дека се извршени се дополнителни проверки.

-По нив веќе постојат основи на сомневање за можниот сторител на делото, издаден е централен распис за негово лишување од слобода и продолжуваат интензивните оперативно-технички мерки и активности за целосно расчистување на случајот, наведуваат од полицијата.

Инаку, се наведува дека во врска со настанот кој вчера (05.07.2024) во 20.35 часот бил пријавен во СВР Тетово, дека на ул.„Штипска“, во близина на угостителски објект, едно лице кое било со возило „Мерцедес“ пукало кон возило „БМВ“ во кое било лицето со иницијали Р.Т.(39), кое од добиените повреди починало, веднаш вчеравечер беше одржан работен состанок во просториите на СВР Тетово на кој учествувало раководството на СВР Тетово, на криминалистичка полиција, на економски криминал и на ПС Тетово, на кој се дадени прецизни насоки за понатамошно постапување.

Во координација со Основното јавно обвинителство Тетово формирана е увидна екипа, која извршила увид на лице место, подигнати се траги за вештачење, како и возилото во кое бил Р.Т., кое е однесено за криминалистичко-техничка обработка, а неговото тело по наредба на јавен обвинител е предадено за обдукција.

 

Претходна вестСообраќајка во Свети Николе, малолетничка тешко повредена
Следна вестНови кадри во здравството: Ѓорѓиевски во „Св. Наум Охридски“, Арсова во Клиника за психијатрија, Костовски на Дигестивна хирургија