МВР одзела 25 мотоцикли, ќе ги смири ли тоа „збеснатите“ моторџии?

Во летниот период моторџиите се „постилаат“ по македонските сообраќајници. Го прават ли тоа како што треба или многумина од нив „збеснуваат“?

Десет минути да се стои на пофреквентна крстосница во Скопје ќе се види дека многу моторџии преку зимата ги заборавиле сообраќајните правила. Минативе денови сообраќајната полиција стоела на повеќе сообраќајници низ Македонија.

-Во периодот од 25.07.2022 до 31.07.2022 спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 310 возачи. Од нив, 204 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 57 возеле без возачка дозвола, 25 мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци, стои во полициското соопштение.

Колкумина прекршители не биле воочени од полицијата може само да се претпостави. МВР испраќа апели сите да се придржуваат до правилата.

 

Претходна вестРадев ги закажа парламентарните избори во Бугарија за 2 октомври, привремен премиер е Галаб Донев
Следна вестШанса за Центар: Градот не смее да се покрие целосно со асфалт