Темно Режим Светло Режим

МВР: Онлајн закажување термин за сликање за лични документи и за македонската дијаспора

Министерството за внатрешни работи овозможи онлајн закажување термин за сликање за лични документи во државата и за македонската дијаспора, односно сите оние кои не поседуваат македонски телефонски број преку можност да извршат резервација преку електронската пошта, https://termin.mvr.gov.mk/Call_Request.

Од моментот на воведување на електронското закажување преку Веб страницата на МВР во текот на 2024 имало во просек по 7000 закажани термини месечно, а во текот на 2025 има над 4000 термини месечно или во просек речиси по 200 закажани термини на ден преку овој сервис.

МВР информира дека закажувањето термин преку редовните телефонски линии функционира беспрекорно и термин за редовна постапка се добива за еден ден.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

На „Табановце“ се чека над половина час - АМСМ со важни информации за возачите

Следниот Пост

Наместо политика за развој на културата, Љутков води партиска пропаганда, велат од СДСМ