Две лица пријавиле синоќа физички напад врз нив од страна на две други лица синоќа во Куманово, соопшти денеска полицијата.
Од кумановската полиција велат дека тепачката се случила околу 19:30 часот, а нешто околу полноќ кај нив две лица пријавиле дека биле нападнати.
– На 20.11.2023 во 00.15 часот во СВР Куманово, Р.Н.(33) од Куманово пријавил дека на 19.11.2023 околу 19.30 часот на ул.„Маршал Тито“, тој и Н.М. биле физички нападнати од две лица, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Од полицијата додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Претходно, синоќа, на социјалните мрежи се појави и снимка од овој инцидент. На неа се гледа како две лица излегувајќи од бел автомобил напаѓаат други две лица во автомобил паркиран пред нивниот. Едното од лицата држи друго лице на автомобилската врата тепајќи го. Се слушаат и пцовки на албански јазик. Не е познато зошто настанала тепачката.