МВР со детали за закопаното оружје во струшко: Најдени се 138 гранати, 30 рачни фрлачи, 41 сандак со муниција калибар 7,62…

Министерството за внатрешни работи денеска објави детален список на оружјето и муниција кои биле пронајдени закопани во една нива во струшко. Во соопштението се наведува дека арсеналот бил пронајден во нива во близина на патниот правец помеѓу с.Калишта и с.Франгово-Струга.

-По оперативни сознанија пронајдени се 138 гранати за рачен фрлач на гранати, 41 метални сандаци со муниција со калибар 7,62 и 12,7 мм, 30 испукувачи РПГ, 130 полнења за гранати, 760 парчиња куршуми со калибар 20мм, се наведува во инфорамцијата.

Полицијата наведува дека се известени и Основното јавно обвинителство –Струга и Дирекцијата за заштита и спасување и се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот.

Претходна вестПочнува судењето на актерката Силвија Стојановска за набавка и продажба на 700 килограми кокаин
Следна вестАктерката Стојановска и нејзиниот поранешен сопруг пред судот не признаа вина за трговија со кокаин