Темно Режим Светло Режим

МВР уапси лице кое со застрашување изнудувало од друго лице да зема „брзи кредити“

Работниците со повисоки примања, минималната плата порасна за 1.667 денари Работниците со повисоки примања, минималната плата порасна за 1.667 денари

Полициски службеници од СВР Штип го привеле 28-годишниот Ф.Ј. од Штип, под сомнение дека во периодот од октомври 2024 до 20 јуни 2025 година, со закани и психичка присила оштетил 21-годишен сограѓанин, одземајќи му вкупна сума од 275.000 денари.

Според пријавата, осомничениот систематски го уценувал младото лице – го терал да аплицира за брзи кредити во неколку финансиски друштва, да се задолжува кај трети лица, го принудил да го продаде својот мобилен телефон, како и да земе пари од неговиот татко.

По преземените дејства, случајот е пријавен кај јавен обвинител, а против Ф.Ј. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава по целосно документирање на доказите.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост
ОЈО ГОКК: Притвор за тројца осомничени за злосторничко здружување и оружје

Обвинителството бара притвор, скопјанец и нанел повреди на својата 4-годишна ќерка

Следниот Пост

За една година покачивме пензии и плати, развојот е возможен и на дофат, кажа Мицкоски