Темно Режим Светло Режим

МЗ: Нула толеранција за корупцијата во здравството

Лажен „лекар“ измамил битолчанка за илјадници евра Лажен „лекар“ измамил битолчанка за илјадници евра

Министерството за здравство најостро го осудува секој облик на коруптивно однесување во здравствениот систем. Во врска со случајот во ЈЗУ Клиничка болница „Др. Трифун Пановски“ – Битола, каде што денес медицинско лице е затекнато при примање поткуп, Министерството веднаш иницира постапка за утврдување на дисциплинска одговорност, согласно законските процедури.

Реакцијата на Министерството е брза, принципиелна и недвосмислена, ставена во насока на заштитата на достоинството на пациентите и интегритетот на медицинските лица од јавното здравство.

Граѓаните имаат право на фер и достоинствен третман. Министерството не толерира корупција и ќе ги санкционира сите прекршоци за да ја зачува довербата во здравствениот систем.

Очекуваме институционална истрага и завршница од надлежните органи, со цел ефикасна борба против корупцијата. Ги повикуваме граѓаните да продолжат да пријавуваат преку веб алатката „Пријави неправилности“, додека институциите да продолжат постапуваат доследно и без селективност, соопшти Министерството за здравство.

Претходниот Пост

Докторка во Битола фатена како прима поткуп, Министерството за здравство со осуда за настанот

Следниот Пост

Ѓорѓиевски од Центар: Време е Скопје да добие достоинствено лице