МЗТ го освои Суперкупот на Македонија

Кошаркарите на МЗТ нова сезона ја отворија со триумф во Суперкупот. Во „Кале“, МЗТ го победи Феникс со 76:54 (19:15, 14:14, 27:15, 16:10).

МЗТ петти пат по ред, а вкупно шести пат во клупската историја го освои пехарот наменет за победникот во Суперкупот.

Против Феникс, пресуди подолгата клупа на екипата од Аеродром. Феникс имаа приклучок во првиот дел, по две четвртини заостанува четири поени, но немаа сили да го издржат ритамот што го наметна МЗТ во второто полувреме.

Решавачка беше третата четвртина, која МЗТ ја доби со 12 поени разлика. Во финишот на овој период бепе и решен победникот, кога МЗТ дојде до предност од 21 поен.

Војдан Стојановски со 13 и Седрик расел со 12 поени го предводеа МЗТ. Најефикасен играч на натпреварот беше Расел Шакур од Феникс со 18 поени.

Фото/ kfsm.mk

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ: И врапчињата веќе знаат дека нема да има уставни измени под бугарски диктат
Следна вестКурти: Убиен полицаец од Косово во Бањска, ова е терористички напад поддржан од Белград