МЗТ Скопје е освојувач на Купот на Македонија

Скопските ривали Работнички и МЗТ денеска се бореа за трофејот „Благоја Георгиевски Буштур“ во Купот на Македонија.

Поуспешна беше екипата од скопската населба Аеродром и победи со резултат 77-69.

Првата четвртина комплетно помина во доминација на „штрковите“. МЗТ го доби првиот период со резултат 23-12.

Во втората четвртина екипата на Работнички успеа да намали дел од предноста на противникот па на полувреме се замина со резултат 37-28.

Во третиот период тимот од Дебар Маало комплетно се врати во мечот, па предноста на крајот на четвртината беше само +4.

Сепак, во последниот период МЗТ беше посмирен во последните минути од мечот и победата се чини заслужено оди во Аеродром.

Кај МЗТ Скопје – Дамјан Стојановски со 19 поени беше најдобар поединец во финалниот меч. Тој беше МВП на финалето што за него е трета ваква награда во Куп натпреварувањето, по 2013. и 2018. година.

Тој имаше поддршка од Крстевски со 16 и Гравет, односно Олуџоби со по 13 поени.

Кај Работнички, Аска постигна 20 поени, Питс бреше до 13, а Мулалиќ имаше 11 поени.

МЗТ Скопје стигна до 10-тиот Куп трофеј, а ова беше седмиот дуел во финале на Купот меѓу вечните скопски ривали. МЗТ сега води со 4-3 во победи.
Фото: КФСМ

Претходна вестБездомник починал во центарот на Скопје
Следна вестКој ќе седи на столици од 200 евра во „Водовод и канализација“?