На 1 јуни стартуваат уписите, ама како ли ќе седат децата во училница?

Од 1 јуни започнуваат уписите на првачиња во училиштата. Протоколите како сето тоа ќе се одвива се веќе јасни. Но она што уште останува нејасно е зошто министерството нема стратегија за тоа како ќе се оди во училиште и ќе се седи во училница од септември, за кога е најавен втор бран на Ковид 19?

Некои од земјите веќе ги отворија училиштата. На пример Словенија. Додека македонскиот министер Арбр Адеми отворено призна дека план сеуште немаат и како би се одвивала наставата, оти децата ќе мора да седат на дистанца од најмалку 1 метар, а тоа во училници со по 35 деца е тешко изводливо.

„Скопско ехо“ веќе ги постави јавно прашањата до министерот, но одговор нема:

-Зошто до сега не се правеше „што ако?“ анализа која ќе се темелеше врз други, исто така спроведени анализи од терен: број на деца што имаат или немаат компјутери, интернет, живеат во руралните средини и слично…?

-На што го потроши министерството за образование ова време на корона – криза, ако не правеше анализи? Или пак реши онака предизборно да се самоизолира, за да се одмори пред кампања?

-Министер за образование (и неговиот тим сосе заменикот) во некоја нормална европска земја, кој нема решение, а требал да го најде до сега, самоиницијативно си дава оставка…

Ситуацијата е повеќе од сериозна, а инертноста на властите е несериозна. Промашена уште една учебна година, во која политичарите ќе влезат изборно, ќе биде на штета на учениците.

Претходна вестВо село Усје наскоро почнува да се гради секундарна фекална канализација
Следна вестНаместо на 12 јули, „Охридско лето“ може да се отвори на 4 август