На архимандритот Никодим Царкњас му го искршиле автомобилот во нападот во Соботско

Вербален напад и кршење на стаклата на автомобилот доживеал архимандрит Никодим Царкњас, активист за правата на Македонците, неодамна во Соботско, Грција. За ова вчера на својот прифил на социјална мрежа Фејсбук информира Стилијанос Самарѕцис кој, исто така, е македонски активист во Грција.

-Со Ристо Сидовски отидивме во Пожар а таму се сретнавме со архимандритот Никодим Царкњас и Ристо Прицков. Архимандритот Никодим ни раскажа за инцидентот што се случил во Соботско кон крајот на февруари. Возејќи низ градот, членови на Понтискиот клуб во Соботско го нападнале Никодим Царкњас. Од чиста среќа физички не бил повреден бидјќи успеал да се заклучи во автомобилот. Бил вербално малтретиран а напаѓачите го оштетиле автомобил и искршиле дел од стаклата од возилото. Какви се тие луѓе што нападнаа старец? И поради какви било идеолошки или политички разлики, со кое срце нападнаа човек кој, можеби, е од иста возраст со нивните дедовци, напиша во објавата Самарѕцис.

Нападот остро го осуди Македон – Сојуз на здруженија на Македонци од Егејскиот дел на Македонија.

-Архимандритот Никодим Царкњас бил вербално малтретиран затоа што се кажувал како Македонец. Зачестените напади се поради изградбата на македонска православна црква „Света Злата Мегленска“ во Соботско чиешто осветување се очекува годинава. Бараме полицијата и судовите во Грција да преземат најстроги мерки против лицата пријавени за нападот со надомест на штета за да не се повтори во иднина, се наведува во реакцијата.

Претходна вестЛукаревска планира да се кандидира за претседател на државата, но…
Следна вестКазнети 219 возачи, секој трет возел пребрзо