На авотпатот кај Миравци полицијата во „ауди“ пронашла 10 мигранти

На 05.05.2023 во 20.20 часот на автопатот А1, кај клучка Миравци, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ дале знак за запирање на патничко возило „ауди“ со струмички регистарски ознаки, но возилото не застанало.

Набргу, возилото било запрено и во него биле пронајдени 10 лица мигранти од Сирија и едно лице мигрант од Ирак, кои биле сместени во прифатно-транзитен центар.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Претходна вестМалолетник најавил дека ќе убие 30 луѓе – трето апсење по масакрите во Србија
Следна вестДерби на сезоната: Еурофарм – Пелистер