На барање на посетителите, изложбата на Кондовски останува отворена до 15 ноември

Националната галерија ја продолжи изложбата на илустрации на големиот ликовен уметник, Димитар Кондовски во „Мала станица“ заради големиот интерес.

Изложбата беше отворена на 14 октомври и за само две недели, почитувајќи ги ковид-протоколите, ја посетија неколку стотици вљубеници на уметноста. Оригиналните илустрации на антологиските „Зоки Поки“, „Алиса во земјата на чудата“, „Колибата на чичко Том“, „Џиновски сликовници“, корици на „Росица“ и многу други списанија и наслови ги красат просториите на „Мала станица.“

За време на изложбата се реализираа неколку работилници посветени на децата, а под мотото „Емоцијата има своја боја“.

Претходна вестКучиња скитници уште напаѓаат, зошто не се згрижени во „Лајка“?
Следна вестСончево со температура до 23 степени