На граничниот премин Богородица вчера е приведен 38-годишниот Н.М. од Србија, баран од Интерпол Франција.
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, при гранична проверка констатирано е дека Н.М бил баран од Интерпол за недозволена трговија со дрога.
Лицето било предадено на полициски службеници од Полициската станица Струмица за понатамошна постапка.