На денешен ден е роден Народниот херој Панче Попоски, како 20 годишник го дал својот живот за слободна Македонија

Денес се навршуваат 99 години од раѓањето на македонскиот учесник во НОВ и Народен херој Панче Поповски. Во време кога историјата на Македонија речиси и да е заборавена, Ве потсетуваме на овој млад револуционер кој на само 20 години го дава својот живот за Татковината.

Се школувал во Гостивар, а третиот клас гимназија го запишал во Ниш каде воедно многу млад се приклучва во напредното младинско движење. По враќањето во родниот град, Панче продолжил да работи во револуцонерното движење.

За време на окупацијата на Македонија во неговата куќа се одржувале состаноци на комунистите, а откако наполнил 18 години примен е и во членството на Комунистичка партија на Југославија. Истата година станал член на Месниот комитет на КПЈ во Гостивар. Панче често патувал низ селата во Македонија се со цел да ги натера младите да се приклучат во НОБ, а го организирал и нивното заминување во партизанските одреди.

Една година подоцна во август 1943 година и тој преминал во партизнаските единици, а особено се истакнал во борбите за одбрана на Дебарца при крајот на 1943 година. Кратко по тоа бил испратен на Првиот конгрес на Антифашистичката младина на Македонија како делегат, одржан во селото Фуштани Егејска Македонија на 22 декември 1943 година.

Раната пролет, 1944 година со Првата македонско-косовска бригада се вратил во Дебрца, а неколку месеци подоцна во тешка борба за ослободување на Дебар херојски загубил животот од непријателска граната кај селото Татар Елевци, во август 1944 г. на само 20 години.

9 години по настанот, на 9ти октомври тогашниот претседател на Федеративна Народна Република Југославија, Јосип Броз – Тито го прогласува Панче за народен херој, а неговиот придонес за слободата на Мекедонија ќе остане за секогаш врежан во македонската историја.

Во чест на овој млад херој, од 2006 се до денес гостиварска гимназијата го носи неговото име.

Претходна вестПожар во фабрика за марихуана во кавадаречко, го гаселе 25 пожарникари
Следна вестГраѓаните се закануваат со бунт против новиот рудник на 3,7 километри од Дојранското Езеро