Темно Режим Светло Режим

На ГП Богородица за излез од државата се чека околу еден час

Поради зголемена фреквенција на возила, времето на чекање на ГП Богородица за излез од државата е околу еден час. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираа утрово од АМСМ.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

Од АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Катастрофални поплави во Кина: девет лица исчезнаа во свлечишта

Следниот Пост

Приведен криумчар од Неготино, со возилото пренесувал седум мигранти