53- годишник од Тирана, Албанија, баран со Интерпол вчераутро се обидел да влезе во земјава преку граничниот премин Ќафасан. Полицијата го уапсила.
– На 13.07.2024 во 09.10 часот на Граничниот премин Ќафасан, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода Р.Г.(53) од Тирана, затоа што при извршена пасошка контрола и проверка било констатирано дека евидира со мерка ’апси’ по барање на Интерпол од Р.Грција, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Уапсениот е предаден на полициските службеници во ОВР Струга за понатамошна постапка.

