На Јавното обвинителство му недостасуваат 88 јавни обвинители

Јавното обвинителството работи со една третина од предвидените јавно обвинителски работни места, односно функцијата јавен обвинител ја извршувале 174 јавни обвинители или 88 помалку од предвидените места, беше констатирано на денешната седница на Советот на јавни обвинители. Овој орган го разгледуваше годишниот извештај за работата на Јавното обвинителство за 2022 година.

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески рече дека од вкупно отворени 1.126 работни места, пополнети се само 385 работни места.

-Не се пополнети голем број јавно обвинителски места. Исто така, не се пополнети голем број на јавно обвинителски службеници, коишто навистина се значајни во делот на остварувањето на функцијата на ЈО, рече Јовески.

Тој додаде дека пополнувањето со јавно обвинителски службеници ќе ја зајакне или ќе ја засили борбата на Обвинителството во справувањето со криминалот.

Јавното обвинителството во текот на 2022 година постапувало против 18.928 полнолетни лица, како и против 1006 малолетни лица. Обвинителството поднело пријави против 7911 непознати сторители на кривични дела, додека пак, 13.421 незавршени предмети останале кај Обвинителството или некои други органи во текот на претходната година.

Јовески рече дека Обвинителството отворило истраги по допрен глас за 4 отсто од случаите, доколку пак, 13,1 отсто од случаите се должат на пријави од граѓаните. И покрај тоа што Обвинителството нема доволен број на обвинители, вели Јовески, успева да го совлада приливот на нови предмети и да го намали остатокот на предмети.

Советот констатираше дека евидентно е дека секоја година има помал прилив на пријави, така што од 2020 година до 2022 година, бројот на кривични пријави против познати сторители се намалува за 2.000 случаи годишно. Советот констатираше дека треба измени во методологијата на годишните извештаи, како и дека загрижувачки е податокот на уважени жалби против решенијата за отфрлени пријави, односно една четвртина од сработените предмети.

Претходна вестКрадци ги украле парите на младиот Леонид, потребни за негово лекување
Следна вестПо неколку случаи на труење во Хрватска, „Кока Кола“ повлекува дел од своите пијалаци