На Клиниката за онкологија воведено двосменско работење во дневната болница

46

Новото раководство на Клиниката за онкологија воведе двосменско работење во дневната болница.

Целта е намалување на гужвите во дневната болница што беше мапирано како еден од најгорливите проблеми,како и подостоинствен третман на оваа вулнерабилна група пациенти во оваа институција каде се третираат најлолем број од малигните заболувања и единствена на терциерно здравство од овој вид.

Пациентите до 20 часот во втора смена отсега ќе може да ја добијат оваа здравствена услуга во дневната болница.

Инаку, Клиниката за онкологија активно учествува во активностите за отворање онколошко одделение и обезбедување терапија за пациентите со малигни заболувања во ГОБ „8 Септември, каде се очекува амбулантно поликлничката дејност во областа на онкологија да профункционира за неколку недели, а целта е дисперзирање на терапијата и растоварување на работата на Клиниката за онкологија.

Претходна вестСДСМ: Дали сите министри имаат исти проблеми со колената како Мицкоски па мораат да патуваат со бизнис класа?
Следна вестМВР им поднесе кривична пријава на Дрин Ахмети и Бесијан Ахмети, внуци на Али Ахмети