На кои курсеви да се пратат градоначалниците за да направат проекти за канализации?

Новите градинки не биле единствено нешто што не се градело заради тоа што општините немале готови проекти туку тоа биле и водоводите и канализацијата. Парите кои се веќе обезбедени за ова стојат неискористени иако проблемите на граѓаните се големи бидејќи во 21-от век многу куќи во Скопје се приклучени на септички јами.
Министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски ги повика општините да подготват проекти за водоводи и канализации на своите подрачје, а потоа со нив да се конкурира за добивање на средства. Претходно, и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска упати апел до општинарите што повеќе да прават проекти за објекти за детска заштита.
Двајца министри, практично, открија колку општините се неподготвени да ги решаваат проблемите на своите жители. Загадени води, септички јами, фекалии што се излеваат на улици… сето тоа се големи проблеми за граѓаните кои побрзо можат да се решат ако има готови проекти. Но, за да има проекти треба да се реши да се прави тоа и да се дадат инструкции на службите. Сега се гледа дека такви планови не биле приоритет за градоначалниците. Можеби и заради тоа што е прашање дали тоа воопшто и го знаат да го сторат? Да не излезе сега дека е потребно да одат и на курсеви за тоа…